Шкендија во последното есенско коло го доживеа првиот првенствен пораз, загуби од Пелистер во Тетово со 0-1. Тимот не реагираше соодветно на овој меч, а гостите од Битола тоа знаеја да ги искористат.
Тренерот Ернест Ѓока вели дека ја презема одговорноста за овој пораз и потенцира дека Шкендија не смеела да дозволи мечот да биде резултатски отворен до самиот крај.
„Не требаше да загубиме, но таков е фудбалот. Според прикажаното, Шкендија требаше да ги освои трите бода, но за тоа треба и да се постигнат голови. Ние не смеевме да дозволиме да одлучува еден пенал на крајот, мораше порано да го затвориме резултатски мечот. Јас ја преземам одговорноста за поразот. Сепак, овој пораз не треба да го сурши сето она што го направија фудбалерите во есенскиот дел од првенството. Ни следи зимски одмор, нека се одморат фудбалерите, па потоа одиме во нови искушенија“, изјави Ѓока.
Шкендија има шест бода предност пред конкурентите Шкупи и Македонија ЃП на врвот на табелата по 18 одиграни кола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Се најде јунак да ја победи Шкендија. По пет кола со максимален ефект, лидерот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Н’фанли Сила (Тиквеш)
Шкендија делуваше непобедливо во првите пет кола, но потоа дојде дуелот со Тиквеш и...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Педро Нето останува во Челси до 2032 година













