Серж Гнабри не може да го заборави “болниот” пораз од репрезентацијата на Македонија во март. Познато, нашиот состав, тогаш под водство на Игор Ангеловски, ги изненади четирикратните светски шампиони Германија, благодарение на погодокот на Елиф Елмас во 85. минута.
“На сите ни пречи загубениот натпревар од Македонија. Сепак, во понеделник има нов меч. Знаеме дека имаме шанса да се квалификуваме на Светското првенство и тоа е наша примарна цел во моментов”, изјави фудбалерот на Баерн Минхен.
Горан Пандев ја доведе Северна Македонија во предност во квалификациите за Светското првенство 2022 година, на полувреме. Илкај Гундоган израмни од пенал во почетокот на второто полувреме, откако Лерој Сане беше фаулиран.
Но, Македонија, рангирана на 65-то место во светот, славеше историска победа кога Елмас погоди од непосредна близина на само пет минути пред истекот на регуларното време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













