
Шефот на стручниот штаб на Ренова, Бујар Ислами е убеден дека неговиот тим може максимално да се надигрува со фаворизираниот Алашкерт во првото квалификациско коло од Лигата на Европа. „Гипсарите“ утрово со чартер лет отпатуваа за Ерменија каде утре од 18 часот на „Стадионот на Републиката“ во Ереван ги очекува дуелот со ерменскиот состав.
„Алашкерт е исклучително квалитетен тим во чии редови има голем број странци кои го носат квалитетот. Но, ние не патуваме туристички во Ереван, туку напротив сигурни дека може да се надигруваме со противникот. Свесни сме дека ќе биде тежок натпревар, Ерменците ја носат фаворитската улога но ние ќе се впуштиме на дуелот со свои цели и амбиции“ – истакна Ислами пред заминувањето за Ерменија.
Во редовите на Алашкерт настапува и македонскиот дефанзивец Ристо Митревски, еден од вкупно 12 странци во тимот. За трикратниот шампион на Ерменија ова ќе биде 23-ти натпревар на европската сцена. Ренова, пак, по четири години пауза повторно се враќа со настап во европските клупски натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Тросар го чува врвот за Арсенал (ВИДЕО)

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
