
Германската фудбалска репрезентација продолжува да тоне.
Едноставно е неверојатно колку паднаа Германците откако го освоија Светското првенство во Бразил во 2014 година. На следните две светски првенства веќе беа елиминирани во групната фаза, а на ЕП испаднаа во осминафиналето. Се чини дека и како домаќини на ЕП во 2024 година ќе се соочат со многу проблеми.
Оваа година го доживеаја најголемиот крах. На 11 одиграни натпревари имаат само три победи, две нерешени и дури шест порази. Германците одиграа само пријателски натпревари, бидејќи автоматски се пласираа, но не се прославија рфезултатски со ниту еден селектор.
Ханси Флик го наследи Јоаким Лев, не се прослави и доби отказ по срамниот пораз од Јапонија (1-4), но ниту Џулијан Нагелсман не покажува дека знае што прави. Иако ги победи Франција и САД, следеше реми со Мексико и сега два порази од Турција и од Австрија.
На никого не му е јасно што се обидува Нагелсман, Каи Хаверц вторпат по ред играше лев бек, а селекторот тврди дека немаат доволно добри одбранбени играчи.
„Сега немаме чудовишта, а нема да имаме чудовишта во одбраната до лето. Играчите играат во тимови кои се многу повеќе фокусирани на нападот отколку на одбраната“, изјави Нагелсман, кој не изгледа дека има решение за овој проблем.
Германците лесно примаат голови, тоа го забележа и Ралф Рангник, селекторот на Австрија.
„Тешко е да се победи ако примиш два или три гола на натпревар. Тоа е одговорност на селекторот и Џулијан има многу работа“, изјави Рангник.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
