Германскиот професор Инго Фробозе од германскиот спортски универзитет во Келн ја нападна ѕвездата на Баерн Минхен, Џошуа Кимих. Причината е одбивањето на играчот од средниот ред да се вакцинира против Ковид-19.
Кимих се зарази и поради проблеми со белите дробови ќе ги пропушти натпреварите до крајот на годината.
„Вакцината можеше да го спречи овој ефект, но за жал сега на Кимих дефинитивно му треба пауза. На некои органи им треба одмор за да се избегнат проблеми со срцето. Постои ризик дека функцијата на белите дробови може да биде нарушена на долг рок.
Срцето и белите дробови се тесно поврзани. Белите дробови му даваат енергија на срцето, па ризикот од миокардитис е многу поголем. Ова е сериозна последица за спортистите и обично ги прави неспособни најмалку шест месеци. Пред четири недели реков дека тоа можело да се избегне со вакцинација. За жал, Кимих не го стори тоа. Вакцината може да спречи такви последици“, изјави Фробозе во интервју за „Билд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













