Спротивно од очекуваното, Мануел Нојер, сепак, ќе ја чува мрежата на утрешниот натпревар против Македонија на Националната арена “Тоше Проески” во Скопје. Претходно, се најавуваше дека голманот на Баерн Минхен ќе го пропушти дуелот, нo утре треба да го видиме во стартниот состав на Ханси Флик.
Нојер тренираше индивидуално, по што поради внимателност на „панцирите“ дополнително им се придружи голманот на германскиот второлигаш Бохум, Даниел Хојер Фернандес. Се очекуваше Марк Андре Тер Штеген, кој бранеше во победата од 2-1 против Романија, да го започне делот со “рисовите”, меѓутоа гермнските медиуми најавуваат дека Нојер ќе биде на голот, затоа што Ханси Флик максимално сериозно го сфаќа дуелот против Македонија.
Освен Тер Штеген, во почетниот тим на Германците нема да биде ни Антонио Рудигер, кој го пропушти денешниот тренинг. Дефанзивецот се пожалил на болка во грбот, но без разлика на тоа, големи се шансите да добие мала минутажа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













