Велшкиот интернационалец Герет Бејл е блиску до одлука да ја заврши кариерата, тврди шпанскиот весник „Марка“.
Герет Бејл одамна не е во форма, а деновите на слава одамна му поминаа. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти оваа сезона речиси и да не смета на Велшанецот, а тој заработува огромна плата.
Некогаш незапирлив дефанзивец, а подоцна и крилен напаѓач, сезонава за Мадрид одигра само 193 минути. Синоќа не влезе во игра против Гранада иако надвор од тимот беа Бензема и Винисиус Жуниор.
Единствениот мотив за Герет Бејл би можел да биде настапот на Светското првенство, но Велс преку дополнителен бараж ќе се бори за место на мундијалот. Доколку Велшаните не се пласираат на најголемиот фудбалски фестивал, тоа многу лесно може да значи и крај на кариерата за Герет Бејл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













