
Работнички успешно го стартуваше шампионатот со триумф (3-1) над Шкупи. Во решавачките моменти од дуелот блесна младиот напаѓач Георг Стојановски, кој своето деби го разубави со гол и изнуден пенал.
Во 81.минута, над Георг беше досуден пенал поради груб старт во шеснаесетникот, а во гол го претвори Мевљан Мурати. Во судиското продолжение, Георг Стојановски и самиот се запиша во листата на стрелците за потврда на триумфот против Шкупи.
„Поубаво деби во дресот на Работнички не можев ниту да посакам. Среќен сум пред сѐ поради победата на тимот, а и затоа што јас директно придонесов за успехот. Се разбира, сакам да се заблагодарам и на шефот Милан Илиевски за укажаната доверба, а ништо во фудбалот не може да се реализира и без соиграчите. Во Работнички дојдов ова лето, одлично сум прифатен, се чувствувам како дома и сите функционираме како едно големо семејство. Се надевам дека ќе продолжиме со успеси и на наредните натпревари“, изјави Георг Стојановски.
Поради својот одличен настап, Георг Стојановски беше избран и за Макфудбал играч на првото коло од новото првенство.
Следен предизвик за Работнички ќе биде гостувањето во Кратово и дуелот против Силекс в недела, со почеток во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
