
Европските гиганти се заинтересирани за 21-годишниот аргентински играч за врска Енцо Фернандез, кој беше прогласен за најдобар млад играч на Светското првенство во Катар. Тој беше најсериозно поврзуван со Ливерпул, кој наводно бил подготвен да и понуди на Бенфика до 100 милиони евра.
Сепак, Ливерпул доби конкуренција во најголемиот ривал Манчестер Јунајтед, пренесуваат португалските медиуми.
Јунајтед моментно води во трката за Фернандез и е подготвен да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра за да нема проблеми со конкуренцијата.
Енцо Фернандез летово пристигна во Бенфика од Ривер Плата за 12 милиони евра, но по само една полусезона јасно е дека Португалците од него ќе заработат многукратно повеќе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
