Connect with us

„Ѓаволите“ го враќаат Оливие Жиру во Премиер – лигата?

Оливие Жиру покажа дека е еден од најважните играчи на Милан. Во претходната сезона многу пати беше човек на одлука и на „росонерите“ им го донесе скудетото. Французинот има договор со Милан до крајот на оваа сезона и сѐ уште не ја продолжил соработката со клубот од „Сан Сиро“.


Таа ситуација се обидува да ја искористи Манчестер Јунајтед кој бара замена за Кристијано Роналдо.

Оваа сезона Жиру на 22 натпревари постигна десет гола и забележа шест асистенции. Беше одличен и во дресот на Франција на Светското првенство во Катар.

36-годишниот напаѓач веќе настапуваше во Премиер – лигата од 2012 до 2021 година за Арсенал и за Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови