
Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, Џенаро Гатузо, изјави денеска дека тимот има сѐ што е потребно за да се пласира на Светското првенство во 2026 година и дека за време на неговиот престој во репрезентацијата ќе зборува помалку, а ќе работи повеќе.
„Дресот на репрезентацијата е тежок, но зборот ‘страв’ не смее да постои. Имаме тим кој е доволно добар за да се пласира на Светско првенство. Потребно ни е да го вратиме ентузијазмот и желбата да бидеме обединети во тешки моменти. Имам јасна претстава што треба да направам, мора да го вратиме ентузијазмот и да не размислуваме негативно“, изјави Гатузо на прес-конференцијата на која беше претставен како нов селектор на Италија.
Тој го замени Лучијано Спалети, кој си замина поради лошиот старт на квалификациите за СП 2026. Италија загуби од Норвешка со 0-3 во првото коло, а во второто ја совлада Молдавија со 2-0. Со оглед на тоа колку добро изгледа Норвешка во овој циклус, Италија повторно е на прагот на бараж. Претходните два баражи беа кошмарни за оваа селекција.
„Секој што ќе влезе во тренинг-центарот во Коверчано мора да има ентузијазам. Најважната работа е тимот да биде како семејство. Техниката и тактиката доаѓаат потоа, мора повторно да бидеме екипа“, нагласи 47-годишниот стратег.
Задачата на Гатузо е да ја одведе репрезентацијата на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, откако селекцијата ги пропушти последните две светски првенства во Русија и Катар.
„Враќањето на Светското првенство е од суштинско значење за нашиот фудбалски систем. Ме очекува тежок предизвик, но ништо во животот не е лесно. Често слушам дека нашиот фудбал нема таленти, но играчите постојат, само треба да ги ставиме во услови да го дадат најдоброто од себе“, додаде Гатузо.
Поранешниот репрезентативец на Италија, со која го освои Светското првенство во 2006 година, изјави дека преземањето на националниот тим е исполнување на сонот и дека ќе зборува помалку, а ќе работи повеќе.
Гатузо на крајот од сезоната го напушти Хајдук Сплит, една година пред истекот на договорот, поради неуспехот и завршувањето на третото место во хрватскиот шампионат. Меѓу другото, тој ги водеше и Пиза, Милан, Наполи, Валенсија, Олимпик Марсеј и го освои Купот на Италија со Наполи во сезоната 2019/20.
Тој оцени дека неговите тренерски квалитети многу се разликуваат од тие што ги имал како фудбалер.
„Со години слушав разни работи за себе. Сите ме гледаат како фудбалер кој играше со срце и голема одлучност. Но, верувам дека како тренер успеав моите тимови да ги натерам да играат добар фудбал. Денес не би го изнел на терен Гатузо кој правеше хаос на теренот. Како тренер, фудбалот го гледам поинаку“, истакна Гатузо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Ферлан Менди ќе паузира до октомври

Евро-фудбал
Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барселона се пофали со голманот Жоан Гарсија

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа
