Светскиот клупски шампион Челси постигна договор со Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо. „Сините“ од Лондон ќе платат околу 46 милиони евра (вклучувајќи бонуси), а Јунајтед ќе задржи и 10% од сумата при евентуална следна продажба на аргентинското крило.
Гарначо ќе стави потпис на седумгодишен договор со Челси.
Овој трансфер влегува меѓу најскапите во историјата на Манчестер Јунајтед. Повеќе пари клубот инкасирал само од продажбите на Кристијано Роналдо (94 милиони евра), Ромелу Лукаку (74 милиони евра) и на Анхел Ди Марија (63 милиони евра).
Иако интерес за Гарначо покажаа и клубови од Саудиска Арабија и Баерн Минхен, самиот фудбалер инсистираше на трансфер во Челси, а по повеќе од еден месец преговори, тоа и се оствари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













