Алехандро Гарначо веќе го објавил својот премин во Челси, иако „сините“ сè уште не постигнале договор со Манчестер Јунајтед околу трансферната сума. Крилниот напаѓач речиси сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“ ова лето поради јавниот конфликт со менаџерот Рубен Аморим по финалето во Лига Европа минатата сезона.
Во моментов Гарначо е меѓу фудбалерите кои се тргнати надвор од тимот и чека секој момент да го напушти клубот.
Гарначо им соопштил на своите блиски пријатели дека неговиот трансфер во Челси е неизбежен, иако лондончани сè уште не ги завршиле преговорите со Јунајтед. „Сините“ го советувале фудбалерот да биде трпелив, додека разговорите со „црвените ѓаволи“ продолжуваат.
Јунајтед постави трансферна цена од 50 милиони фунти за Аргентинецот, но во Челси веруваат дека постои можност таа да се намали. Се очекува преговорите меѓу двата клуба да се забрзаат во наредните денови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













