![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/03/galtie-pres-pred-baern.jpg)
Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, има максимален респект за Баерн Минхен пред вечерашниот реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите. Парижаните по првиот имаат еден гол негатива (0-1).
„Учествуваме во многу тешко натпреварување. Само еден тим ќе продолжи напред. Лигата на шампионите е нашата голема цел. ПСЖ треба да има многу поагресивен, доминантен стил. Ако одиграме на таков начин, имаме шанса да се квалификуваме понатам“, изјави Галтие.
„Присуството на Килијан Мбапе секако ни дава поголема длабочина и влијание. Же го немаме Нејмар и тој многу ќе ни недостига. Сакам да бидеме поагресивни и да вршиме поголем притисок кон противникот“
Галтие со епитети се изрази за класата на Баерн Минхен.
„Тие се голема институција со децении. Заминаа големи играчи, и големите играчи беа заменети со други. Институцијата отсекогаш била поставена повисоко, без разлика дали било тоа за тренерите или за тимот. Ќе биде величествено, полн стадион и се надеваме дека со нашата игра ќе успееме ако да ја оладиме атмосферата“, истакна тренерот на ПСЖ.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal