
Турскиот гигант Галатасарај е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед. Раководството на турскиот клуб и тренерот Фатих Терим се надеваат дека Џани Алиоски нема да ја обнови соработката со Лидс и ќе успеат да го доведат во Истанбул како слободен агент по завршувањето на сезоната.
Галатасарај е подготвен да му даде многу подобри лични услови за Езгјан Алиоски за да го убеди да го облече дресот на овој клуб од следната сезона. Левиот бек е во преговори и со Лидс Јунајтед, англискиот клуб најави дека сака да го задржи на „Иланд Роуд“, но засега нема конкретен чекор и потпис на договорот.
Медиумите на Островот најавуваат дека Лидс Јунајтед ќе му понуди нов тригодишен договор на Езгјан Алиоски со месечна плата од 90.000 фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
