Галатасарај блесна во големото финале на Купот на Турција, совладувајќи го Трабзонспор со убедливи 3-0 во Газијантеп. Гигантот од Истанбул покажа зошто е најтрофејниот клуб во турскиот фудбал, освојувајќи го својот 19-ти куп, што е апсолутен рекорд во земјата.
Јунак на вечерта беше Виктор Осимен, кој со два гола ги запечати надежите на ривалот, но исто толку заслужен беше и Акгун, кој маестрално асистираше за сите три погодоци.
Натпреварот започна со рана офанзива на Галата, а првиот погодок падна веќе во петтата минута, кога Јилмаз ја затресе мрежата по одличен пас на Акгун.
Второто полувреме беше во знакот на Осимен. Прво во 46. минута, а потоа и во 63. минута, нигерискиот напаѓач беше на вистинското место во вистинско време и двапати го матираше голманот на Трабзонспор, повторно по додавања од неверојатниот Акгун.
Галатасарај е на чекор до двојна круна, а претстојниот викенд може и математички да ја обезбеди титулата во турската Суперлига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













