Галатасарај направи вистински бум во финишот на преодниот рок и потпиша со неколку нови играчи од кои се очекува комплетно да го променат ликот на тимот. Клубот официјално го претстави Мауро Икарди, аргентинскиот напаѓач кој пристигна како позајмен од Пари Сен Жермен, а потпиша и со поранешниот ас на Челси и Манчестер Јунајтед, Хуан Мата.
Шпанецот по завршувањето на договорот на „Олд Трафорд“ беше слободен играч.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите на Галатасарај за топлото добредојде. Моето семејство и јас сме навистина импресионирани. Имав многу понуди, но мило ми е што избрав да дојдам овде. Нашите цели се високи. Се надевам дека ќе ги постигнеме заедно“, изјави Икарди.

Турскиот гигант во вчерашниот ден плати 6 милиони евра за крилниот напаѓач на Рапид Виена, Јусуф Демир, кој накратко мина низ Барселона, а се засили и со данскиот дефанзивец Матијас Рос и крилото Милот Рашица, кој доаѓа на позајмица од Норвич. Во неговиот договор нема откупна клаузула.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој голем клуб“, изјави косовскиот интернационалец.
Претходно Галатасарај ги доведе Лукас Тореира, Серхио Оливеира, Лео Дубоа, Харис Сеферовиќ и Дрис Мертенс.
Галатасарај моментално е седмопласиран во турската Суперлига со 10 бода од пет натпревари.
High five! 🙏 No need for the Oscars, here's the GalaStars! ✨💛❤️ #WeAreTheBest pic.twitter.com/4nsjpfoIeM
— Galatasaray EN (@Galatasaray) September 8, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













