
Бразилскиот дефанзивец Габриел Магалјаеш го продолжи својот престој на „Емирати“. Арсенал денес официјално објави дека 27-годишниот стопер потпиша нов договор со клубот, кој ќе важи до 2029 година. Претходниот му истекуваше во 2027 година.
Габриел пристигна во Арсенал во 2020 година од Лил за сума од 27 милиони фунти и оттогаш се етаблираше како столб на одбраната на тимот на Микел Артета. Досега има запишано 210 настапи и постигнато 20 голови во сите натпреварувања – импресивни бројки за централен дефанзивец.
Неговото одлично партнерство со Вилијам Салиба го направи Арсенал еден од најтешките тимови за пробивање во Премиер – лигата, а Габриел е посебно опасен и при прекини во противничкиот шеснаесетник.
По потпишувањето на новиот договор, Габриел изјави:
„Дојдов тука како млад играч и по речиси пет години можам да кажам дека сум многу среќен. Ова е неверојатно патување, горд сум што ќе продолжи и понатаму. Се надевам дека ќе освојам трофеи со Арсенал, затоа што го сакам овој клуб, а и моето семејство го сака.“
„Арсенал е фантастичен клуб и горд сум што потпишав нов договор. Ги сакам навивачите, соиграчите, стадионот – благодарен сум на сите за поддршката.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Андре Онана е нов голман на Трабзонспор

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно
