Македонската футсал репрезентација успеа да ремизира (1-1) на гостувањето против Србија во Врање, во третиот меч од квалификациите за Европското првенство.
Србите беа подобар противник, доминираа во поле, а поведоа со голот на Пршиќ во четвртата минута од дуелот. Но, Македонија успеа да израмни со голот на Крстевски во десеттата минута. Србија напаѓаше до крајот, но составот на Васко Скендеровски успеа да се одбрани и да освои важен бод во квалификациите против фаворитот.
За три дена Македонија ќе ја пречека селекцијата на Србија на домашен терен, во СРЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski