Фулам игра импресивно од почетокот на сезоната во Премиер – лигата. Лондончани имаат добри шанси дури и да стигнат до европско учество следната сезона, а нивната „гол-машина“ Александар Митровиќ не престанува да погодува.
Според информациите на англиските медиуми, раководството на Фулам планира веднаш да започне разговори со менаџерот Марко Силва за продолжување на неговиот договор.
Португалскиот стручњак брзо го привлече интересот на голем број клубови, не само со одличните резултати што ги постигнува со лондонскиот тим, туку и со атрактивниот фудбал што го форсира.
Раководните луѓе на Фулам се подготвени на Португалецот да му понудат долгорочен договор, а предвидено е и сериозно зголемување на неговата плата.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












