Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во пресрет на стартот на новиот циклус квалификации за СП 2026. Како што веќе објави ФФМ, од почит кон настраданите во огромната трагедија во Кочани, и со желба сите повредени во пожарот брзо да се опорават, македонските репрезентативци ќе работат во молк, а медиумските активности ќе бидат сведени на минимум.
Треба сите да останеме сплотени, да тагуваме, но и да оддадеме почит и да ја дадеме неопходната поддршка за сите што им е потребна.
Најдобрите македонски фудбалери првиот предизвик во новиот мундијалски квалификациски циклус ќе го имаат на 22.март во Вадуц против Лихтенштајн, а три дена подоцна на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе гостува селекцијата на Велс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













