
Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 13 до 19 март ќе биде учесник на квалификацискиот турнир за жени, кој ќе се одржи во Полска.
Младите фудбалерки на Македонија се наоѓаат во групата 7 во рамките на А лигата (втора рунда) од квалификациите.
Противници на нашата репрезентација ќе бидат Полска (домаќин), Данска и Шкотска.
Првиот меч од квалификацискиот турнир го играме против домаќинот Полска, со почеток од 14. часот на 13. март.
Во второто коло силите ќе ги одмериме со селекцијата на Данска. Дуелот е закажан на 16. март, со почеток од 14. часот.
Три дена подоцна, во последното коло играме против Шкотска, со почеток од 14. часот.
Предводникот на младата женска репрезентација на Македонија до 17 години, Катерина Милеска, за претстојните квалификации се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Ведрана Комненова (Скопје)
Евгенија Вељановска (Скопје)
Миа Петровска (Бохум, Германија)
ОДБРАНА:
Мила Панева (Скопје)
Андреа Коловска (Љуботен)
Михаела Додевска (Скопје)
Михаела Марковска (Топ Гол)
Ангела Димчова (Цевитана)
Кристина Крстева (Скопје)
Васка Василева (Тиверија)
СРЕДЕН РЕД:
Никица Трендова (Скопје)
Теона Галабовска (Тиверија)
Ева Величковска (Љуботен)
Јована Каралиоска (Цевитана)
Ева Конева (Истатов)
НАПАД:
Настасја Накова (Скопје)
Розита Пецева (Тиверија)
Калина Попески (Црвена Звезда)
Меланија Грозданова (Скопје)
Емили Митковска (Речица)
Квалификациски турнир, Полска
РАСПОРЕД:
Полска – Македонија 14:00 13.03.2024
Данска – Македонија 14:00 16.03.2024
Македонија – Шкотска 14:00 19.03.2024

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
