Шпанскиот гигант Реал Мадрид се вклучува во трката за потписот на дефанзивецот на германската репрезентација и фудбалер на Борусија Дортмунд, Нико Шлотербек. Според информациите на „Билд“, Кралевите внимателно ја следат ситуацијата околу централниот бек, чиј договор истекува во летото 2027 година.
Весникот наведува дека Мадрид е во позиција да конкурира на Барселона, уште еден клуб кој покажува интерес за 25-годишниот фудбалер. Засега, сепак, Каталонците немаат поднесено официјална понуда до Борусија.
Во Дортмунд, пак, се оптимисти дека ќе успеат да го задржат Шлотербек и да го продолжат неговиот договор до 2030 година.
Реал Мадрид се насочува кон Шлотербек поради нестабилните настапи на Раул Асенсио, како и поради тоа што договорите на Антонио Рудигер и Давид Алаба истекуваат на крајот од сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар направи клучен чекор кон титулата, откако Шкендија се сопна и во Кратово. Брера...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Вардар со една рака веќе го држи шампионскиот трофеј откако во 30.коло го победи...
Автор makfudbal













