Утрово избувна пожар во домот на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, во станбениот комплекс Ла Моралеха, Алкобендас, Мадрид. Тоа е луксузен комплекс сместен во северниот дел на шпанската престолнина.
Сигналот до противпожарната служба бил поднесен околу 11 часот по локално време, по што биле испратени екипи на терен за да го изгаснат огнот, кој најверојатно започнал поради електричен дефект во сауната.
Според „Марка“, просторот од кој започнал пожарот е уништен, но останатите делови погодени од чадот, кој се проширил на два ката, биле проветрени и не се забележани дополнителни штети.
Фудбалерот не се наоѓал во резиденцијата за време на инцидентот, бидејќи е на подготовки со репрезентацијата на Бразил, а не се пријавени случаи на труење или повреди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













