Connect with us

Фудбалерките ќе одиграат два пријателски натпревари со Црна Гора

Женската фудбалска репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје.

Првата контролна средба е закажана на 30. ноември со почеток во 13. часот. На 3. декември овие две селекции во 12. часот ќе ја одиграат и втората контролна пресметка.

Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Берна Кабакчи – Карсон У, САД

Викторија Пачурова – Тиверија Брера

Кристина Павлоска – Топ Гол

ОДБРАНА:

Ана Милчевска – Грузија

Ане Бошевска – Тиверија Брера

Павлинка Николовска – Тиверија Брера

Викторија Недева – Тиверија Брера

Сара Коларовска – Скопје 2014

Теона Галабовска – Тиверија Брера

Елена Панеска – Олимпија, Словенија

Бојана Петкова – Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Меланија Гроздановска – Истатов

Стефанија Маринковска – Каменица Саса

Хава Мустафа – Љуботен

Александра Марковска – Љуботен

Симона Мајер – Израел

Ленче Андрееска – Турција

Ихмете Лимани – СВ Веинберг 67, Германија

Наташа Андонова – Саудиска Арабија

НАПАД:

Јилза Максути – Ас Јунајтед

Гентијана Рочи – Финска

Лора Сулејмани – Франција

Билјана Паневска – Брера Тиверија

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови