
Фудбалерот на Динамо Загреб, Мартин Батурина, си дозволил да одбие понуда од Реал Мадрид, пренесува германски „Скај Спорт”.
Многу сериозни европски клубови покажале интерес за младиот фудбалер на Динамо, а според информациите на „Скај Спорт“, Батутина ја одбил понудата на Реал да потпише петгодишен договор.
На него наводно не му се допаднала идејата што ја имал клубот, актуелниот шампион на Европа и Шпанија, да го обезбеди за иднината, а потоа да го испрати на позајмица во некоја екипа од Ла Лига за да помине период на прилагодување.
За интересот на Реал Мадрид за младиот фудбалер се пишувало и порано, а шпанските медиуми пренесоа дека Батурина му бил препорачан на клубот од Лука Модриќ, кој го „избрал“ за свој наследник.
Мартин Батутина оваа сезона играше на десет првенствени натпревари за Динамо Загреб, постигнувајќи еден гол и пет асистенции, додека на три натпревари во Лигата на шампиони има еден гол и една асистенција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
