Новиот агент на Френки де Јонг, Себастиен Ледир, се сретнал со Деко во спортскиот комплекс на клубот, објави „Ел Чирингито“. Претставникот на Холанѓанецот имал средба со спортскиот директор на Барселона за да го разгледаат продолжувањето на договорот на играчот за врска.
Обновувањето на договорот на Френки де Јонг е следниот приоритет за клубот по оној на Жул Кунде, кој беше финализиран минатата недела, иако договорот беше постигнат уште пред азиската турнеја. Наскоро треба да биде официјализиран и новиот договор на Ерик Гарсија.
Во последните месеци разговорите и односите меѓу клубот и Френки де Јонг значително се подобрија, што и самиот играч го изјави на прес-конференција за време на турнејата.
Сепак, фудбалерот мораше да ги прекине односите со својот поранешен агент поради лични причини, што го забави потпишувањето. Се очекува новиот договор да го врзе играчот со клубот до 2028 година, продолжувајќи го неговиот актуелен договор за уште две години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













