Популарниот англиски репрезентативец Џек Грилиш ја заврши 2024 година на неверојатно лош начин, во која, верувале или не, не постигна ниту еден гол.
Џек Грилиш го чинеше Манчестер Сити дури 100 милиони фунти кога прејде од Астон Вила на „Етихад“, но неговиот ефект во новиот клуб речиси и да не може да се дискутира.
Иако минатата сезона освои пет трофеи со Манчестер Сити и даде значаен придонес, следеше период во кој не покажа ни приближно квалитети на оној играч кој беше страв и трепет за сите одбрани додека играше за Астон Вила.
Се чини дека настапите на Грилиш одат во надолна линија, а најдобро тоа го покажува фактот дека ја заврши 2024 година без ниту еден постигнат гол.
Таквата статистика можеби не би била шокантна за некој дефанзивец, иако и тоа е реткост на ова врвно ниво, но кога ќе земеме предвид дека крилниот напаѓач одигра 45 натпревари годинава без да се запише меѓу стрелците, тоа навистина звучи фрапантно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













