
Репрезентацијата на Франција со значаен триумф над Германија го отвори Европското првенство. Со триумфот од 1-0 во натпреварот од првото коло во групата Ф, Французите реализираа три бода во исклучително тешката конкуренција.
Автоголот на Матс Хумелс во првото полувреме беше пресуден за исходот на оваа пресметка. Повратникот во германската репрезентација имаше несмасна реакција при ударот на Хернандез.
Во продолжение од средбата, Французите имаа серија прилики во кои беа блуску до гол, имаа и два непризнаени погодоци. Германија имаше само петнаесетина добри минути во вториот дел во кој реализираше неколку пристојни прилики.
Во оваа група, бранителот на трофејот, Португалија почна со победа на Унгарија. Во следното коло, Португалците се среќаваат со Германија, а Франција ќе се соочи со Унгарија.
Ова беше последен натпревар од првото коло во групниот сегмент, од утре почнува втората рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Брајан Мбеумо официјално меѓу „црвените ѓаволи“

Евро-фудбал
Марко Арнаутовиќ потпиша за Црвена Звезда

Евро-фудбал
Алваро Мората е ново напаѓачко оружје на Комо

Евро-фудбал
Милан тргнува по потписот на Душан Влаховиќ

Евро-фудбал
Наполи ќе му го „украде“ Лукман на Интер?
