
Франција е вториот полуфиналист на Европското првенство откако на пенали ја елиминира Португалија (5-3) и закажа дуел со Шпанија, за само уште еден чекор до големото финале.
Французите беа непогрешливи од белата точка, а Жоао Феликс го погоди дирекот и не успеа да го совлада Мајк Мењан.
Полуфиналето донесе квалитетен фудбал, меѓутоа на крајот немаше голови ниту во регуларниот дел, а ниту по продолженијата.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Португалија во 61. минута кога Бруно Фернандеш шутираше кон голот на Франција, но одлично интервенираше Мајк Мењан. Втората шанса ја имаше Витиња во 64. минута, но повторно одличен беше Мењан.
Најголемата шанса за Франција на мечот ја имаше Коло Муани, кој имаше слична шанса како и во финалето против Аргентина на СП 2022, но повторно не успеа да го совлада противничкиот голман. Шанса имаше и Камавинга во 70. минута, но и од овој удар Франција не стигна до водство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal