Фудбалската федерација на Франција поднесе жалба до ФИФА поради непризнатиот гол на Антоан Гризман против Тунис во последната минута од судиското надополнување. Поради тоа светскиот првак го забележа првиот пораз (0-1) на Светското првенство во групата Д.
Антоан Гризман постигна гол за 1-1 во последните моменти, но главниот судија на натпреварот по прегледувањето на ВАР снимката го поништи. Тој процени дека францускиот напаѓач бил во офсајд во моментот на аутот на Орелиен Чуамени и дека со својата позиција влијаел на играта, иако 
Гризман стигна до топката откако тунискиот дефанзивец се обиде со глава да ја расчисти ситуацијата.
„Се жалиме бидејќи според нас голот на Антоан Гризман е погрешно поништен“, соопшти Француската фудбалска федерација.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












