Најголемиот фудбалски талент од Јужна Америка, аргентинскиот тинејџер Франко Мастантуоно, ќе стане нов играч на Реал Мадрид. Според аргентинските медиуми, младата ѕвезда на Ривер Плата го прифатила предлогот од мадридскиот гигант, одбивајќи ја понудата на ПСЖ.
Договорот меѓу Реал и Ривер Плата е вреден 40 милиони фунти, а Мастантуоно ќе потпише долгорочен договор со „кралевите“ до 2031 година.
Сѐ уште не е одлучено дали ќе му се приклучи на Реал Мадрид веднаш или по завршувањето на Светското клупско првенство, а конечната одлука ќе ја донесе новиот тренер Чаби Алонсо, кој го презема тимот од Карло Анчелоти по крајот на сезоната.
Мастантуоно (роден во 2007 година) веќе остави силен впечаток со своите настапи во Аргентина и се смета за еден од најперспективните млади играчи на континентот. Со овој потег, Реал Мадрид продолжува со својата стратегија на доведување на млади јужноамерикански таленти, како што тоа претходно го направи со Винисиус Жуниор, Родриго и Ендрик.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













