Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, ги критикуваше фудбалерите по поразот од Наполи (0-2) во Серија А. Тој вели дека тимот има квалитет, но нема менталитет да се избори за позиција во Лигата на шампионите.
„Веројатно немаме менталитет да се бориме за најдобрите четири. Во првото полувреме видов тим без храброст, ментално ранлив. Генерално, ова не е играта што сакаме да ја прикажеме. Не успеавме во првото полувреме затоа што ни недостасуваше храброст. Сите сме одговорни за ова, затоа што кога се плашите да играте, станува премногу тешко. Факт е дека второто полувреме беше сосема поинакво. Тоа зборува за проблеми со психологијата“, изјави Фонсека.
По 28 натпревари, Рома се наоѓа на шесто место на табелата во Серија А.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski