Манчестер Сити го победи градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 3-1 во пресметката на „Итихад“. „Ѓаволите“ имаа сили за едно полувреме и имаа водство по првиот дел со голот на Маркус Рашфорд, но потоа се вклучија Фил Фоден и Ерлинг Халанд и направија целосен пресврт.
Рашфорд во осмата минута постигна прекрасен погодок откако испрати проектил кон мрежата на Едерсон од 20 метри.
Халанд во финишот на првото полувреме промаши од позиција каде тоа е речиси невозможно, испраќајќи ја топката над голот од два метри далечина од гол-линијата.
Но, во второто полувреме Сити ја валоризираше доминацијата. Во 56.минута Фил Фоден постигна уште поубав гол, со силен шут од далечина, а во 80.минута се погрижи и за пресврт.
Во судиското продолжение, Ерлинг Халанд се „извади“ за големото промашување и погоди по големата грешка на Амрабат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













