Connect with us

Флоријан Вирц пристигна во Англија на лекарски прегледи и потпис со Ливерпул (ВИДЕО)

Германската ѕвезда Флоријан Вирц веќе се наоѓа во Англија и наскоро ќе ги помине задолжителните лекарски прегледи пред реализација на неговиот трансфер во Ливерпул. Германскиот репрезентативец пристигна во Манчестер, по што се упати кон Мерсисајд, каде ќе потпише долгорочен договор со актуелниот шампион на Англија.

По долги и интензивни преговори меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен, двете страни конечно постигнаа договор за трансферот. Англискиот гигант ќе плати 116 милиони фунти, откако претходните три понуди беа одбиени од страна на германскиот клуб, кој инсистираше на сума блиска до 150 милиони евра (околу 127 милиони фунти).

Вирц, кој е една од најголемите ѕвезди во Бундес-лигата и еден од предводниците на новата генерација во германската репрезентација, ќе му биде на располагање на Арне Слот уште од самиот почеток на претсезонските подготовки.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови