
Германскиот репрезентативец Флоријан Вирц денеска ќе го изврши главниот дел од лекарските прегледи пред да потпише договор со англискиот шампион Ливерпул. Ова ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот и дефинитивно најголем во летниот преоден рок 2025.
Ливерпул ќе плати 150 милиони евра на Баер Леверкузен за 22-годишниот репрезентативец на Германија, што ќе го направи третиот најскап трансфер во историјата – веднаш зад рекордните суми за Нејмар (222 милиони евра) и Килијан Мбапе (180 милиони евра), кои беа доведени од ПСЖ.
Ова воедно ќе биде и најскапата зделка во историјата на Ливерпул и во Премиер – лигата.
Вирц имаше блескава сезона во дресот на Баер Леверкузен, постигнувајќи 16 голови и 15 асистенции на 49 натпревари. Сепак, неговата најимпресивна година беше во сезоната 2023/2024, кога го предводеше тимот на Чаби Алонсо до двојна круна со 18 голови и 20 асистенции – при што тимот загуби само еден натпревар, финалето од Лига Европа против Аталанта.
За германската репрезентација веќе има 31 настап и 7 голови.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!
