Алесандро Флоренци е следниот италијански фудбалер кој ќе биде под истрага за нерегулирани облози на нелегални платформи за коцкање, објавија италијанските медиуми.
Фудбалерот на Милан е информиран дека против него се води истрага.
Кај него, сепак, повеќе се работи за тоа што играл покер и блек џек, не се обложувал на фудбалски натпревари. За истата работа под истрага беше и играчот на Астон Вила, Николо Заниоло.
Се очекува доколку им се докаже вината двајцата да се извлечат само со парични казни.
Двајца Италијанци, Сандро Тонали и Николо Фаџоли, веќе се изјаснија за виновни за обложување на фудбалски натпревари на нелегални платформи, за што ќе отслужат казни од 10, односно 7 месеци.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski