Италијанецот Карло Анчелоти не бил во преден план кај претседателот Флорентино Перез за враќање на „Сантијаго Бернабеу“ ова лето. По заминувањето на Зинедин Зидан, се појави опција за Маурисио Покетино, потоа и за Антонио Конте, но, главната желба на Флорентино Перез, како што откриваат британските медиуми, бил Жозе Мурињо.
Претседателот на Реал Мадрид му се јавил на Мурињо и му понудил да се врати во „кралскиот клуб“, но тој се заблагодарил на поканата со оправдување дека има потпишан договор со Рома и не може да ја изигра „волчицата“ на таков начин. По ова, Флорентино Перез се обидел со Карло Анчелоти и оваа идеја му успеа.
Италијанецот потпиша договор со Реал Мадрид до 2024 година и ќе заработува по 6 милиони евра годишно. Тој го раскина договорот со Евертон за да се врати во „кралскиот клуб“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













