Фудбалерите на Фламенго обезбедија место во финалето на Интерконтиненталниот куп, откако синоќа во полуфиналниот дуел во Ал Рајан го совладаа египетскиот Пирамидс со 2-0.
Актуелниот шампион на Јужна Америка и Бразил на 17 декември ќе се бори за трофејот против европскиот првак Пари Сен Жермен, кој директно избори пласман во финалето на ова натпреварување.
Головите за Фламенго на мечот против Пирамидс, предводен од клупата од хрватскиот стратег Крунослав Јурчиќ, ги постигнаа Лео Переира во 24. и Данило во 62. минута.
Двата погодоци беа реализирани по прекини.
Фламенго во среда ќе има можност да го освои и третиот значаен трофеј за помалку од еден месец, но за да го постигне тоа ќе мора да го совлада најтешкиот можен противник, шампионот на Европа, ПСЖ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати













