Фудбалскиот клуб Работнички го одбележa 3. декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Како клуб со изразена социјална одговорност, ФК Работнички се приклучи кон иницијативата „Сончогледи под сонцето” покрената од здружението Рилука од Битола и Хуманитарната организација Свети Спас.
По тој повод, на дерби натпреварот против ФК Вардар в недела, „романтичарите“ ќе истрчаат на теренот со посебно дизајнирани маички, со порака за поддршка на лицата со посебни потреби.
„Да ја препознаеме сончогледовата лента, да ги забележиме лицата со невидлива попреченост и да ѝ дадеме предност на сончогледовата лента“, велат од клубот од Дебар Маало.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













