Македонскиот второлигаш Плачковица се жали на судењето на денешниот меч против Осогово (1-1) во Кочани. Раководството на клубот прашува на кого му смета Плачковица и истакнува дека се сериозно оштетени на дуелот со Осогово. Соопштението на ФК Плачковица испратено до редакцијата на МАКФУДБАЛ го објавуваме во целост.
Срамно судење во Кочани од старна на судиската тројка. До кога главни актери на нашите терени ќе бидат судиите?! Денес во Кочани се прели чашата од неправедните одлуки на судиите, на денешниот натпревар ФК Плачковица играше против 14 фудбалери во текот на сите 90 минути.
Во првиот дел не беше досуден чист пенал од страна на главниот судија Здравко Костовски за нашата екипа, а во второто полувреме беше поништен регуларен гол. Само вториот помошник Зоран Саздовски од Штип виде недозволена ситуација. Епа, господо од Судиската комисија замислете се кого делегирате на натпреварите, а ние ќе се замислиме дали има потреба да се натпреваруваме со вакво судење во текот на целото првенство на досега одиграни девет натпревари. На кого му смета ФК Плачковица?!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













