Connect with us

Фиорентина не го дава лесно Амрабат

Фиорентина доби џекпот на Светското првенство, бидејќи играчот од средниот ред на тимот Софијан Амрабат одигра брилијантно во Катар. Тој сега е цел на најголемите европски клубови, пред се Ливерпул, Тотенхем и Атлетико Мадрид.


Клубот од Фиренца се подготвува да го продаде Амрабат на лето, но тоа нема да оди така лесно како што мислеа заинтересираните клубови.


Мароканецот има клаузула во договорот според која Фиорентина има право да ја активира и автоматски да го продолжи договорот до 2025 година. Актуелниот договор на Амрабат има важност до 2024 година. Тоа значи дека агентот и играчот нема да можат да го уценуваат клубот со истекување на договорот и заминување бесплатно, како што тоа го направи претходно Душан Влаховиќ.


На овој начин Фиорентина има целосна контрола врз преговорите и заинтересираните клубови ќе треба да ја платат цената што ќе ја одреди сопственикот Роко Комисо.


Амрабат пристигна во Фиренца од Верона во 2020 година за 19,5 милиони евра. Сега се очекува таа сума барем да биде удвоена при неговата продажба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови