
Сопственикот на Фиорентина, Роко Комисо, беше шокиран кога Душан Влаховиќ одби да потпише нов договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона, и со тоа ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.
Тие очекуваа Фиорентина во иднина да изгради тим на квалитетите на српскиот интернационалец, но сфатиј дека реалноста е поинаква и мораа да тргнат во потрага по замена. И ја најдоа во Русија.
Напаѓачот на Спартак Москва, Џордан Ларсон, е цел на „виолетовите“.
24-годишниот Швеѓанец пристигна во Москва од Норчепинг во 2019 година. Не му оди најдобро оваа сезона. Тој не постигна ниту еден гол на 11 натпревари, за разлика од минатата година, кога постигна 15 гола на 30 натпревари.
Според истиот извор, преговорите не треба да траат долго, имајќи предвид дека двата клуба имаат добри односи од трансферот на Александар Кокорин минатата година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
