Завршница на исцрпувачката сезона во македонскиот фудбал. Академија Пандев успеа да обезбеди опстанок и сега со сите сили е насочена кон вечерашното финале (19 часот) од Купот на Македонија. на Националната арена „Тодор Проески“ за противник ќе го има Силекс кој сепак има и грижи околу опстанокот, со оглед дека во вторник ќе игра бараж против Тиквеш. Но, тоа не значи и дека ќе калкулира во големата финална пресметка.
„Ова е голема шанса и за двата клуба да изборат излез во Европа. За нас е тоа многу привлечно иако искрено не би значело речиси ништо ако не успееме да го сочуваме и прволигашкиот статус. Поготвени сме за надигрување, шансите мислам дека се речиси подеднакви за двата тима. За мотивите и нема да зборувам, затоа што Силекс цели 25 години чека да го врати куп – пехарот во клупските витрини“, истакна шефот на стручниот штаб на кратовскиот тим, Горан Симов.
Академија Пандев е последен освојувач на Купот, ако се знае дека минатата сезона натпреварувањето беше прекинато поради пандемијата на коронавирусот. И „пандевци“, логично, сакаат да остане кај нив уште една сезона.
„Секој фудбалер посакува да игра финале и да го освои. Шансите се подеднакви, можеби ние сме малку порастоварени затоа што обезбедивме директен опстанок. Максимално сме мотивирани, подготвени и не е никаква тајна дека кога ќе стигнеш до финалето сакаш и да го освоиш“, изјави Александар Васоски, тренерот на Академија Пандев.
Финалниот дуел ќе го суди Александар Ставрев, а за жал, ќе се одвива без присуство на публика на арената „Тодор Проески“, со почеток од 19 часот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski