
Фиорентина и Вест Хем ги оправдаа очекувањата и сосема заслужено стигнаа до финалната пресметка во Конеренциската лига на УЕФА. „Виолетовите“ и „чеканите“ вечерва ќе одлучуват за шампионскиот трофеј во третото натпреварување на УЕФА кога ќе се сретнат во „Еден арената“ во Прага, со почеток во 21 часот. Победникот ќе си замине не само со трофејот, туку и со право на настап во следното издание на Лига Европа.
За Фиорентина ова е петто европско финале, а во четирите досега тимот има само една победа. Тоа беше Купот на победниците на куповите 1960/61, кога го победија Глазгов Ренџерс. Останатите финалиња се во Купот на европските шампиони – пораз од Реал Мадрид со 0-2 во 1956/57 година, за КПК – вкупен пораз од 1-4 од Атлетико Мадрид во двете средби во 1961/62 година, како и за Купот на УЕФА – пораз од Јувентус со вкупен резултат 1-3 во 1989/90 година.
Куриозитет е што денеска „виолетовите“ ќе станат првиот клуб што ќе игра финале на четврти различен турнир под покровителство на УЕФА.
Од друга страна, Вест Хем по четврти пат ќе игра за европски трофеј. Првиот триумф на „чеканите“ на европските турнири го имаа во 1964/65 година по победата над Минхен 1860 со 2-0 во КПК. Во 1999 година, тие беа една од трите екипи кои го освоија Интертото купот, со вкупен резултат 3-2 во решавачкиот дуел со Мец. Нивното единствено загубено финале досега беше во 1975/76 година кога загубија со 2-4 во спектакуларен судир со Андерлехт во КПК.
Фиорентина заврши на второто место во групата во друштво на првопласираниот Истанбул Башакшехир, Хартс и РФС. Потоа, тимот од Фиренца елиминира четири противници: Брага, Сиваспор, Лех Познањ и Базел. Што се однесува до Серија А, „виола“ заврши на осмото место на табелата.
Вест Хем, пак, немаше предизвик во групната фаза, добивајќи ги сите шест натпревари против второпласираниот Андерлехт, третопласираниот Силкеборг и четвртопласираниот ФЦСБ. Така, лондончани го пропуштија плеј-офот, по што ги елиминираа АЕК Ларнака, Гент и АЗ Алкмар. Во однос на настапот на „чеканите“ во Англија, тие завршија на 14. место во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
