Капитенот на Вардар, голманот Филип Гачевски, заминува од клубот. Тој не се договори со раководството за продолжување на соработката и ќе си побара нова фудбалска средина.
„За жал дојде и тој момент. После 5 години, денеска се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, 3 титули и историски пласман во ЛЕ.
Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на Комити за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност.
Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!! Еден живот – една љубов ?⚫❤️??“, напиша Филип Гачевски на социјалните мрежи.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













