Connect with us

Фил Фоден во Манчестер Сити до 2027 година

Манчестер Сити го задржува англискиот репрезетативец Фил Фоден до 2027 година. Претходниот договор на Фоден со „граѓаните“ истекуваше во 2024 година, но раководството на Манчестер Сити успеа да го врзе долгорочно талентираниот фудбалер, кој израсна во клупската академија.


Тој му се заблагодари на Пеп Гвардиола и вели дека го направил многу подобар играч.

„Ме направи десетпати подобар игра. Тој ми помогна да се подобри мојата игра во сите аспекти и јас сум многу благодарен. Уживам во фудбалот под водство на Гвардиола“, изјави Фоден.

Фил Фоден има седум гола на 13 натпревари, вклучително и хет-трик во победата од 6:3 над Манчестер Јунајтед претходно овој месец.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови