
Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго, знае кој треба да го наследи Зинедин Зидан на клупата на шпанскиот тим. Тој смета дека неговиот поранешен соиграч Раул би бил идеално решение за клупата на „кралскиот клуб“.
„Сакам Раул да го тренира Реал Мадрид бидејќи ми е како брат. Сепак, одлуката ќе ја донесе клубот. Во иднина сигурен сум дека ќе добие шанса да го тренира тимот. Но, мислам дека многу е важно следниот тренер да биде некој како Зидан, кој го познава клубот и тимот“, изјави Фиго.
Раул ја почна тренерската кариера во 2018 година во младинските категории на Реал, а засега нема искуство со водење на сениорски тим.
Затоа од Шпанија доаѓа информација дека Флорентино Перез сака да го врати Карло Анчелоти, кој е менаџер на Евертон, а до него на клупата како прв асистент да биде Раул Гонзалес.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
