
ФИФА следното лето би можела да воведе револуционерно правило во фудбалот, пишува „Марка“. Светската фудбалска организација подготвила правило според кое менаџерите нема да можат да заработат провизија поголема од шест отсто од сумата за трансфер, што целосно би го променило начинот на кој функционира денешниот трансфер – пазар на фудбалери.
„Марка“ тврди дека на нацртот му се потребни само некои финални подобрувања, по што треба да оди на усвојување и би можел да стапи во сила на 1 јули следната година.
Со ова правило ФИФА сака да стави крај на огромните провизии кои ги добиваат супер – агенциите за трансферите на своите играчи, како што е случајот со Жорге Мендеш, Мина Раиола и други.
Раиола на трансферот на Погба во Манчестер Јунајтед заработи 48 милиони евра, Борусија му плати 15 милиони за доаѓањето на Ерлинг Халанд во Дортмунд, а агентот наводно од идниот клуб на Норвежанецот бара дури 50 милиони евра провизија.
ФИФА неодамна објави дека минатата сезона за провизии за фудбалски менаџери биле потрошени повеќе од 450 милиони евра. Моментално нема ограничување за споменатите провизии, иако ФИФА препорачува тие да не бидат повеќе од три проценти од сумата на трансферот, до која никој не се држи.
„Марка“ пишува дека ФИФА сака да формира ново тело преку кое ќе одат сите трансфери во светот и кое ќе контролира колкави провизии се плаќаат на агентите за нивните играчи. Шпанскиот весник тврди дека агентите сигурно би поднеле тужба против ФИФА бидејќи би можеле да имаат солиден случај на суд дека тоа е повреда на слободата на пазарот, која е една од основите на Европската унија.
Дополнително, доколку ова правило навистина биде усвоено, суперагентите како Мино Раиола би можел панично да почне да ги продава своите играчи во претстојниот зимски преоден рок бидејќи по 1 јули повеќе нема да можат да наплаќаат астрономски провизии.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
