
Светската фудбалска федерација (ФИФА) потврди дека прекинатиот квалификациски натпревар за Светското првенство во 2022 година меѓу Бразил и Аргентина ќе се одигра откако нејзината комисија ја одби жалбата на бразилската и аргентинската фудбалска федерација.
Натпреварот, кој требаше да се одигра на 5 септември минатата година во Сао Паоло, беше прекинат по само пет минути на интервенција на локалната здравствена агенција која отстрани четворица аргентински играчи кои настапуваат во Англија, бидејќи наводно ги прекршиле мерките за Ковид-19 и го прекина натпреварот.
ФИФА во февруари одлучи натпреварот да се игра повторно и четворицата споменати аргентински фудбалери да бидат суспендирани на два натпревари. Фудбалските федерации на Аргентина (АФА) и на Бразил (ЦБФ), кои исто така се казнети за повеќе прекршоци, најавија жалби.
„Апелациската комисија потврди дека натпреварот ќе мора да се повтори и дека мора да се плати казна од 50.000 швајцарски франци за секоја од двете федерации за конечниот прекин на натпреварот“, соопшти ФИФА.
Неодиграниот натпревар не ги спречи Бразил и Аргентина да се пласираат на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември. Поради тоа, одржувањето на овој натпревар нема да има никакво влијание врз пласманот во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка.
Без разлика на резултатот, Бразилците сигурно ќе го задржат првото место во квалификациите, а Аргентинците второто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мајорка украде бод на гости кај Севилја (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Рома убедлива на „Олимпико“ против Монца (ВИДЕО)
